Windows Phone Store сега има преку 255.000 апликации
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2014 20:38
Во декември минатата година ја помина бројката од 200.000 апликации, а Windows Phone Store сега може да се пофали со преку 255.000 апликации и игри. Ова е нешто повеќе од Амазон кој неодамна пријави за својата Android продавница за апликации, но секако ни близу од она што го нудат Google Play и iOS App Store.
Двете најголеми продавници сега имаат преку милион апликации во понудата. Сепак, Microsoft истакна дека неговата понуда на апликации расте брзо од неговиот конкурент, што има логика бидејќи почнува од помали бази.
Windows Phone Store сега има 10 милиони превземања дневно и на секои 24 часа додава по нови 500 апликации. Бројот на регистрирани програмери е 510.00 така што во иднина се очекуваат уште повеќе апликации за Windows Phone платформата.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




