Добивај вести на Viber
Сите одгледувачи на молзни крави до крајот на 2019 година, треба да ги исполнат условите за категоризација на млекото согласно ЕУ стандардите.
Агенцијата за храна и ветеринарство процесот го реализира од втората половина на 2015 година, а опфаќа прилагодување на производството во однос на три клучни критериуми: инфраструктура, хигиена на објекти, собирање и транспорт на млеко и критериуми за сурово млеко.
Ако по 2019 година некои од производителите не ги исполнат бараните критериуми, не ќе може да го продаваат млекото во преработувачките капацитети.
Вкупниот број микроорганизми во еден милилитар млеко на 30 степени целзиусови треба да биде до или помалку од 100.000, додека на соматски клетки до или помалку од 400.000.
Одгледувачите мора да имаат договор со ветеринарно друштво, кое ја спроведува годишната наредба за здравствена
заштита на животните, што вклучува испитување на бруцелоза и туберкулоза. Сите грла добиток треба да се обележани, а сопственикот мора ажурно да го води фарм-регистарот и да ги почитува роковите на пријавување и движењата на животните.
Во државата има над 9.000 одгледувачи на молзни крави.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: