За 3 месеци гасот поскапе 13%!
Објавено во: Анализа 02 Мај, 2013 07:30
извор: Регулаторна комисија за енергетика
Евтините енергенси очајно и требаат на македонската економија!
Ограничениот пристап до енергенси кои во Македонија се рекордно скапи е една од причините за неконкурентност на македонската економија. Само 30-тина од македонските компании имаат “привилегија” да го користат природниот гас како гориво, но по највисока цена во регионот. Природниот гас во Македонија е речиси 70% во однос на цената на овој енергенс во Западна Европа. Од компаниите постојано алармираат дека растот на цената на гасот и немањето гасовод ги поскапува нивните производи, со што ги прави неконкурентни на странските пазари. На гасоводот пак, се чека цела транзиција.
Во отсуство на гасовод и поголемо домашно производство на електрична енергија, македонските компании бараат решение како да штедат на трошоци за да бидат конкурентни на странските пазари, каде што енергенсите не се луксуз. Компаниите бараат Владата конечно сериозно да се посвети на капиталните инвестиции во енергетиката.
Аналитичарите алармираат дека ако годишниот раст на потрошувачката на електрична енергија од околу 4% продолжи и во иднина, потребно е да се изградат големи енергетски капацитети, кои пак, нема да можат да се пренесат преку постоечката преносна мрежа. Прогнозите на трговците со струја се дека побарувачката за овој енергенс од 2020 година ќе расте во просек за 2,2%. Тие додаваат дека кога овие прогнози би се оствариле, до 2020 година регионот ќе мора да инвестира најмалку 40 милијарди евра во нови енергетски капацитети. Оттука, во следните 10 години секој жител од регионот треба да издвојува по 47,5 евра годишно за инвестиции во енергетиката.
К.П
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





