ЗА АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ, ПОСТРАШНО Е ДА СЕ БРАНИ ПЕДОФИЛ ОТКОЛКУ УБИСТВО НА ДЕТЕ: „За мене е пострашна работа детето да остане живо и цел живот да има трауми од некој педофил што го нападнал“

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 07:10
Само ќе ве прашам како се чувствувате како адвокат на Палевски?, го запраша новинарот Кристијан Ландов адвокатот на обвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Јовица Страшевски, на што адвокатот одговори дека тоа за него е многу бизарно и просто прашање, заради тоа што „јас сум адвокат на сите што ги бранам“.
„Или сум полномошник или бранител во таа постапка“, рече адвокатот, на што Ландов му одговори дека не се сите обвинети за двојно убиство меѓу кои и убиство на дете.
На тоа адвокатот му одговори дека има и за три четири убиства. За дете имате? го праша новинарот, на што тој одговори дека за дете нема.
„Значи јас работам како адвокат. Јас странките не ги делам на вакви или такви. Има значи мои колеги што бранат педофили, што по мене е поопасна работа цел живот некое дете да има трауми да браниш педофил, отколку да браниш еве да речам убиство. За мене е пострашна работа детето да остане живо и цел живот да има трауми од некој педофил што го нападнал и уму оставил трауми за цел живот“, рече Страшевски.
„Страшевски да не сте изморен?“, го праша Ландов, како реакција на неговата шокантна изјава, на што тој одговори дека не е изморен и дека само кажува.
„Зошто не ги прашувате колегите мои ои што бранат педофили? Зошто не ги прашувате (педофилија за вас е пострашно од убиство на дете?- го прекина Ландов), на што адвокатот рече „ за мене да“.
Можеби ќе ве интересира
ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „СTAНДАРД“: Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција
