20 Декември, 2025
0.4827

За Ахмети не е во ред што Груевски бара 63 пратеници да не го уценувале

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016 19:02

Добивај вести на Viber

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, во посета на скопско Хасанбег посочи дека ставовите на Никола Груевски кој бара 63 пратеници за да не биде уценуван не се во ред бидејќи Албанците не бараат ништо повеќе од тоа што им следува, а се уште се во обесправена положба во однос на Македонците.


- Некој може и да го злоупотреби овој мој говор, може да рече, што сме направиле ние како ДУИ? Ние треба да работиме повеќе бидејќи, ва овие 15 години, е доста направено, поаѓајќи од правичната застапеност на Албанците во сите пори на општествениот живот, меѓутоа и инвестициите во речиси сите слободни економски зони во регионите населени во најголем дел со Албанци. Каде беа овие македонски политичари кога се нанесуваа овие неправди на Албанците? Сега, за да ги наполнат сопствените вреќи, велат, ајде да одиме кај Албанците и да бараме гласови! Ме прашуваат мене, дали ние како ДУИ се плашиме од овој феномен? Јас велам дека Албанците не се оние од пред 200 години, затоа што ние сега имаме два државни универзитети на албански јазик. Интересите на Албанците ги штитат Албанците. Внимавајте, го слушате сега Груевски, како бара од Македонците да му дадат 63 пратеници, со цел ДУИ да не го условува него! Оваа работа не е во ред, затоа што ние не бараме ништо повеќе од тоа што ни припаѓа! Во меѓувреме, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред еден ден рекол дека нема можност да го менува Уставот, значи тој, преку ноќ го смени сопствениот став - рече Ахмети. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки