27 Ноември, 2024
0.0253

За Ахмети, за членството во НАТО и економските придобивки штo ги нуди европска Македонија!

Објавено во: Анализа 13 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Стабилност, релаксирани меѓуетнички тензии, пораст на економиите - ова би можеле да бидат главните придобики по затворањето на двете горливи прашања на Балканот, Македонија со Грција и Србија со Косово, коментираат аналитичарите кои ги консултираше Фактор.  Во исто време, на македонската политичка сцена по подолго време се јави лидерот на интегративците Али Ахмети, побара итно решавање на проблемот со името како клуч за влез на Македонија во НАТО. Што може да изгубат, а што да добијат четирите балкански држави кои ги имаат околу „врат“ за решавање клучните дводецениски проблеми. Целата меѓународна заедница, особено САД и ЕУ, вложуваат максимални напори да најдат комрпомисни решенија кои условно кажано безболно би ги решиле проблемите на Македонија со Грција и на Србија со Косово. Ако не тргуваме со идентитетот не губиме ништо суштински Ако случајно тргуваме со идентитетот губиме се и во таков случај не постои доволно голем економски бенефит кој ќе може да го компензира таквиот стратешки удар врз фундаментот на македонската нација, вели универзитетскиот професор Стево Пендаровски. „Во сите други случаи немаме суштинска загуба, а добиваме длабок влез во европските фондови и на европскиот пазар, како и поправена меѓународна слика за земјата како предуслов за странски  инвестиции. Патем, добро е да знаеме дека актуелните европски фондови не се толку "тешки" како некогашните, но, ниту тој обем на средства не смее да биде потценет од страна на малите балкански економии“, додава Пендаровски. Ако го решиме спорот инвеститорите нема да се „тепаат“, но конечното решение ќе влијае позитивно за инвеститорите Ако се постигне договор за името секако прифатлив за двете страни не мислам дека било што ќе изгубиме, вели долгогодишниот новинар и аналитичар Тодор Пендаров и додава,  напротив бенефитот е и самиот факт дека со еден од нашите соседи ќе имаме нормални односи и ќе се надминат и овие банални глупости кои сега се случуваат. „Погрешно е ако се мисли дека ако го решиме ова прашање со Грција и влеземе во НАТО односно добиеме датум дека странските инвеститори ќе се „тепаат“ да влезат во Македонија. На пример, во периодот 2006 - 2012 Србија пер капита има скоро дупло поголеми инвестиции од Македонија. Но, сепак е нормално влегувањето во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ позитивно ќе влијаат врз прилив на инвестиции, но би било погрешно да се мисли дека тоа е клучниот фактор. Лично мислам дека најголем бенефит ќе биде внатре во самото општество. Верувам дека со ова неминовно ќе се релаксираат меѓуетничките односи и со тоа дефинитивно имаме шанси Р.Македонија да опстане како држава“, вели Пендаров. Ахмети побара брз влез во НАТО Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку колумна во весникот Дневник порачува дека конечно е дојдено време за решение за спорот за името и за деблокирање на македонските евроатлантски интеграции. Ахмети пишува дека треба да се искористи добиениот простор по изборите за да се донесат големи и значајни одлуки за Македонија. „Две децении по независноста на Македонија од југословенската федерација, 20 години по зачленувањето во ОН и 12 години од Охридскиот договор, како и по успешната транзиција при која поминавме низ многу нешта, верувам дека сега е времето за големи одлуки“, напиша Ахмети. Според Али Ахмети, залагањата за темелни промени не ретко се обесхрабрувачки на прв поглед, но, како што пишува во колумната, за него и за мнозинството што им посакуваат добро на народот и на земјата, не станува збор за дилема дали треба да се движиме кон евро-атлантските интеграции. Дури, ми се чини дека и утре е веќе доцна, вели Ахмети. Сите земји по влезот во НАТО и ЕУ ги придвижија економиите Економиите на сите земји по влезот во НАТО и ЕУ доживеаа пресврт. Двојно, некаде и за трипати зголемени инвестиции, кои значително го придвижиле економскиот пораст. Една година по влезот, во Бугарија инвестициите пораснале за цели 36% - од 7,5 милијарди евра во 2004 на 11,5 милијарди евра во 2005. Во Романија обемот на странски инестиции се зголеми за повеќе од 30%, а драстичен продор е забележан и кај гринфилд инвестициите, кои почнуваат да влегуваат во 2005, веднаш по приемот на Романија во НАТО. Драстична пресвртница во економијата доживува Естонија. По влезот во НАТО Алијансата, инвестициите се зголемиле повеќе од тројно. 2004 година - 775 милиони евра, година, потоа над две милијарди евра. Слична е ситуацијата и во Литванија. Во 2004 инвестиции од околу 17,6 милијарди евра, следната година драстичен пораст на 26,4 милијарди евра. Утре: Можни ли се глобални поместувања на Балканот, прекројување на границите. Редакција Фактор  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.