06 Октомври, 2024
0.0653

За Антонио Милошоски е несериозно ставањето клуч на вратите на амбасади ширум светот

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

По предлогот Македонија да затвори неколку амбасади ширум светот, согласност воопшто не дава пратеникот од опозициската ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој преку социјалните мрежи упатува критики, вели дека е несериозно за долгорочното проектирање на дипломатските капацитети на Македониа и образложува зошто смета дека затворањето на амбасади е дипломатска антиреформа.

За затворање на дипломатски претставништва прозборе шефот на државата во интервју за телевизија Сител. Пендаровски вели дека наскоро ќе биде дефинирано на кои амбасади ќе биде ставен клуч на врата бидејќи како што вели претседателот во овој момент има 27 празни дипломатски позиции.

Од друга страна, пратеникот Милошоски вели дека исходот од затворањето на амбсади ќе биде само уназадување на капацитетот за промовирање на економско-политичките интереси на Македонија на меѓународен план.

-Да се затвори амбасадата во Бразилија е дипломатска кусогледост која, заради нетрпеливоста кон одредени кадровски решенија, не може да го види потенцијалот на 210 милионскиот Бразил, ниту значењето на нашето единствено дипломатско претставништво на континентот Јужна Америка, кој има 13 држави и пазар од 450 милиони жители-пишува Милошоски на социјалните мрежи.

Милошоски додава дека додека сите земји во светот кои уште немаат амбасади во Бразилија прават секакви напори за да отворат а Македонија брза да ги затвори.

Сите земји во светот кои немале или сеуште немаат амбасади во Бразилија, прават напори да отворат, а Пендаровски и Димитров брзаат да ја затворат. Многу површно и несериозно за долгорочното проектирање на дипломатските капацитети на Македонија!

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил