За Бислимовски се неприфаливи високите барања на енергетските компании
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2024
За претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, се неприфатливи високите побарувања од енергетските компании пред одредувањето на цената на електрична енергија што се очекува пред 1 јануари 2025.
Ценатара на електричната енергија ќесе формира според признаените трошоци на Електродистрибуција, МЕПСО,МЕМО и ЕВН Хоме.
-Никогаш за РКЕ не биле прифатливи вакви високи барања така да ги гледаме пресметките но тоа нема да се случи во секој случај. Она што го гледаме сега како факт е дека голем број на мали потрошувачи се вратиле назад на слободниот пазар на електрична енергија што прави одредени притисоци на цената на електричната енергија. За другиот дел не би сакал да шпекулирам бидејќи немаме податоци на цените по кои што ќе се купуваат загубите на струја и кај МЕПСО и кај Електродистрибуција а дополнително и тендерот на Универзалниот снабдувач ќе биде следната недела, вели Бислимовски.
Во моментов ЕСМ на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ својата струја му ја продава по цена од 60 евра за мегават час. Премиерот Мицкоски пред извесно време рече дека не очекува да има поскапување од јануари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.