КОМПАНИЈАТА ГО ОТВОРИ ЌЕСЕТО ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ШТРАЈКОТ ЗАВРШИ: Боинг постигна договор со работниците
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2024
Вработените во американската авиокомпанија Боинг ја прифатија понудата на менаџментот за зголемување на платите, прекинувајќи го седумнеделниот штрајк кој и нанесе голема финансиска штета на компанијата.
Договорот предвидува итно зголемување на платата за 13 отсто, по што следи зголемување на платата за по девет отсто во втората и третата година од договорот, а потоа уште седум отсто во четвртата и последната година од договорот, пренесува Си-Ен-Ен.
Новиот договор, сепак, не го врати традиционалниот пензиски план што вработените во Боинг го загубија во 2014 година со тогашниот договор за вработување.
Меѓународната асоцијација на машинисти (ИАМ), синдикатот кој обединува 33.000 работници на Боинг, објави дека 59 отсто од членовите на организацијата гласале за одобрување на договорот, па работниците од утре ќе почнат да се враќаат на работа.
- Горд сум на нашите членови. Ова е победа - изјави главниот преговарач на ИАМ Џон Холден.
Задоволство од договорот изрази и менаџментот на компанијата.
Изминатите неколку месеци ни беа тешки, но сите сме дел од истиот тим, прокоментира извршниот директор на Боинг Роберт „Кели“ Ортберг.
Компанијата нема профитабилна година од 2019 година, па се соочува со многу предизвици, претходно објави CNBC.
„Боинг“ ќе има проблеми со враќањето на профитабилноста додека не ги убеди регулаторите дека ги решил проблемите со безбедноста и квалитетот на своите авиони.
Познатиот производител на авиони, и покрај многуте проблеми, останува од витално значење за американскиот воздушен транспортен систем.
Според сопствените проценки, Боинг годишно придонесува за американската економија со 79 милијарди долари и директно или индиректно поддржува 1,6 милиони работни места во САД.
Курир.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.