За болните од ХИВ нема терапија веќе 10 дена
Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2013 15:29
Веќе десет дена ХИВ-позитивните пациенти кои го примаат лекот „тенофовир“ се приморани да ја прекинат терапијата, бидејќи недостасува лекот кој е еден од основните што се користи како дел од тројната комбинација.
Од Здружението „Заедно посилни“ каде членуваат 16 лица со ХИВ, велат дека пациентите кои можат да си дозволат, самостојно го купуваат лекот кој чини 300 евра.
Оттаму тврдат дека годинава ова е втор случај целосно да се исцрпат залихи од некој лек и дека со овој проблем пациентите со ХИВ се соочуваат неколку години наназад.
-Во ваквите ситуации пациентите се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат, некои лековите ги нарачале преку Интернет, потоа Клиниката барала итни донации или пак самите пациенти успевале да обезбедат мали залихи со помош на здруженија од Европа. Некои солидарно си ги споделувале меѓусебно таблетите - изјави Андреј Сених координатор на „Заедно посилни“.
Директорот на клиниката, проф.д-р Звонко Миленковиќ тврди дека поради зголемениот број на овие пациенти можно е да дојде до недостиг на тој лек, но тоа не значи дека замената со друга комбинација на лекови не може да ги оствари истите ефекти, пренесе „Нова Македонија“.
-Процедурата за набавка на „тенофовирот“ е завршена пред десетина дена, така што се очекува до крајот на оваа недела да биде достапен за пациентите- рече Миленковиќ.
Од Инфективната клиника соопштуваат дека пациентите немаат прекин во терапијата, дека тие го примаат лекот односно земаат нова комбинација лекови или користат негова замена.
Во моментов ХИВ - терапија примаат околу 60 пациенти од кои две се деца.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





