24 Ноември, 2024
0.0285

ЗА БОЖИЌ МОЖЕ ДА ИЗОСТАНЕ НАЈВАЖНИОТ УКРАС: На германска компанија залихите и се при крај

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Германска компанија со седиште во Саксонија, која произведува специјални украси веќе 30 години, забележа намалување на залихите во складиштето откако ЕУ воведе строги санкции.

Производителот на божиќни украси во германската покраина Саксонија би можел да се затвори поради санкциите наметнати на руското дрво, објави во саботата весникот „Билд“.

Таа компанија е специјализирана за швибоген, или традиционални резбани дрвени лакови со божиќни мотиви кои се користат како држачи за свеќи.

Според извештајот, компанијата, која ги произведува овие орнаменти веќе 30 години, забележала намалување на залихите во магацините откако на почетокот на оваа година стапи на сила забраната на ЕУ за руско дрво и производи од дрво, пишува RT.

Сопственичката на компанијата Катја Таулин изјави дека иако нејзината фирма вообичаено прави украси во текот на целата година, сега работата се врши само по посебна нарачка, а поради немањето залиха морала да ги зголеми цените.

- Од летото престанавме да добиваме руска иверица од бреза, чиј пазарен удел пред санкциите беше 93 отсто... Како и сите наши колеги, со месеци се обидуваме да откриеме како да го замениме руското дрво. Но, тоа е бесмислено - вели Таулин, истакнувајќи дека квалитетот на алтернативата на руските суровини е несоодветен.

- Не знам што ќе се случи понатаму. Овие санкции ни штетат нам и на нашата земја – додава сопственикот на компанијата од Саксонија.

Брисел го санкционираше руското дрва на 9 април, со преоден период до јули за компаниите чии договори за увоз беа потпишани пред тој датум. Ограничувањата беа насочени кон дрво и производи од дрво, јаглен, дрвна маса, картон, како и дрвен мебел и делови за мебел.

Сепак, според рускиот регулатор за шуми - Рослесинфорг - земјата би можела да продолжи да продава дрвени производи во ЕУ преку трети земји.

ФОТО: Pinterest

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“