За да се биде успешен агро бизнисмен неопходни се големи и паметни инвестиции!
Објавено во: Агробизнис 18 Декември, 2014 08:00
„Единаесет години сме постојано во инвестиции. Започнавме со живинарската фарма „Везешари“ со врвна технологија, потоа го проширивме нашиот бизнис со фабриката за преработки од пилешко и говедско месо „Лекер“, а еве сега го заокружуваме процесот со формирање на компанијата „Електрошари“ која ќе се занимава со производство на електрична енергија. Тоа се големи проекти и инвестиции и без помош од банки е тешко, речиси невозможно да се реализираат.„
Почнавме со градбата и во еден момент дојдовме во тешка ситуација за финансирање на проектот. Обртните средства на Везешари ги потрошивме и беше доведен во прашање опстанокот на фармата и затоа имавме потреба од дополнителни средства во Везешари. Иако ние не бевме клиент на Прокредит банка во такви непријатни моменти банката ни излезе во пресрет и за само три недели ни го одобри бараниот износ и тоа со доста поволна каматна стапка. Јас бев многу пријатно изненаден, дури ми беше и чудно како може една банка со која не сме соработувале претходно да ни дава поповолна каматна стапка од нашата банка со која бевме од самото основање“, вели Абдурахмани.
Македонскиот агро бизнис треба да се развива со инвестиции во модернизација и знаење
За бизнисмените секоја информација, споделено искуство, остварен контакт е клучена придобивка за бизнисот.
Токму по тој повод во организација на ПроКредит Банка се одржа Агро Бизнис Форум на кој учество зедоа повеќе од 200 претприемачи од агробизнисот во Македонија. На десетте најпроактивни агро бизнис практики ПроКредит им овозможува саемско патување на еден од најголемите агро саеми во Европа- Fruit Logistika, во Берлин каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка и можен пласман во странство.
Присутните на настанот беа едногласни и потврдија дека им недостасуваат форми и начини на вмрежување, каде може да се разменат контакти и да се градат нови бизнис соработки. Според нив Форумите од ваков тип се одлична можност да се слушнат новостите во земјоделието, да се размени искуство, да се остварат контакти за соработка.
„Во ПроКредит гледам повеќе од партнер за финансирање. Со оглед дека ПроКредит постојано организира настани за вмрежување и афирмација на своите клиенти, во соработката со банката гледам можност да дојдам до нови бизнис контакти и знања за трендовите во земјоделито“, истакнува Кочан Адем кој е сопственик на еден од наградените најпроактивни агро бизниси во категорија раноградинарство.
Тој вели дека како бизнисмен посветува големо внимание да биде присутен секаде каде се споделуваат новости, каде се зборува за технологија и модернизација и работи на имплементирање на таквите стандарди.
„Ние сме меѓу ретките во Македонија кои го поседуваат ЕуроГап стандардот- светски стандард во земјоделието базарин на принципите на ХАСАП и ИСО стандардите. Тоа за нас е клучот кој ни овозможува најголем дел од нашето производство да биде наменет за извоз“, вели Адем.
Агро бизнис форум организиран од ПроКредит Банка донесе едногласни пораки
Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит банка смета дека пример за успешен претприемач е секој оној кој добро знае да менаџира со своите финансии, кој сака да вложи во едукација и знаење, кој постојано се труди да изнајде начин како да ги намали трошоците при производство, а воедно да ја зголеми продуктивноста и ефикасноста во неговото работење.
„ПроКредит банка по трет пат го организира настанот за избор на најпроактивен земјоделец. Нашата банка, која е специјализирана за поддршка на мали и средни бизниси, гледа голем потенцијал во аграрот каде најважно е постојано да се инвестира во модерна технологија, знаење како и во споделување на најдобрите практики. Токму тоа е и целта на овој настан. Всушност ние сакаме да ги споделиме најпродуктивните примери во примарното и секундарното земјоделство кои сакаме да бидат инспирација и за останатите земјоделци дека и во аграрот може да се биде успешен“, изјави Спировска
На настанот присутен брше и министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, како и сите клучни претставници на здруженијата на земјоделци и фармери.
ПроКредит ги прогласи и награди најпроактивните агро бизнис практики
Настанот е дел од развојната мисија на ПроКредит Банка која е насочена кон поддршка на секторите со висок потенцијал во македонската економија.
Интерес за наградувањето на Најпроактивните агро бизниси од ПроКредит банка пројавија околу 150 примарни земјоделци, преработувачи и откупувачи.
Оваа година со наградата за најпроактивен агро бизнис која ја доделува ПроКредит банка се закитија следните компании:
Во категорија примарни земјоделски производители наградени се „Ветеринар“ – фирма која се занимава со производство на јајца, Кент Агро – производител на зеленчик, ТД ДЗП Клечовце – производител на житни култури, ГД Тиквеш – производител на грозје, Агро – Нено – органско производство на сирење.
Во категоријата преработувачи на земјоделски производи наградени се Дием ГП – преработувач на овошје и зеленчук, Тргопродукт – преработувач на овошје и зеленчук, Вита Рес – производител на концентрати за сокови од овошје и зеленчук.
Во категоријата откупувачи на земјоделски производи со награда се закитија Бант – Струмица, Орепром – М,.
Четири специјални награди за иновативен пристап во работата и беа доделени на фирмата Везешари која е најголем производител на јајца, фирма која има постројка за био гас која работи со отпадок од примарното производство, Флора Фреш – Нано технологија во производство на цреши и јаболка, ИЗ Роксана – најголем производител на кајсии која има имплементирано систем капка по капка и сопствен ладилник и фирмата Тантиловски Пере која се занимава со производство на овошје со систем за интегрална заштита на почвата и околината.
Александар Петрески
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





