За детската среќа не треба многу! Хуманитарна акција во Ramstore Mall
Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2016 08:59
Секое дете има право на радост! Секое дете има право на подaрок! Секое дете има право на прекрасна Нова Година! Секое дете има право на исполнување на желба!
Ramstore Mall во соработка со Црвен Крст на град Скопје традиционално ја организира хуманитарната акција за децата сместени во згрижувачки семејства наречена како „Волшебна новогодишна елка“.
Вчера (05.12.2016) дечињата ги искажаа своите скромни желби на ливчиња во форма на лампиони кои ги закачија на волшебната елка поставена во Ramstore Mall. Посетителите на трговскиот центар ќе можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба преку нејзина реализација. Акцијата трае до 27.12.2016 година кога и подароците ќе бидат доделени на среќните дечиња.
Новогодишната магија во Рамстор Мол дополнително ќе биде збогатена со многу предновогодишни активности за сите посетелите, новогодишен базар, фотографирање со Дедо Мраз и поделба на новогодишни пакетичиња за сите деца, магични детски работилници, танцување, настап на музички бендови, новогодишни викенд акции и попусти.
Со оваа богата новогодишна понуда Рамстор Мол дефинитивно ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации. Претставниците на трговскиот центар ги покануваат сите љубители на новогодишната атмосфера да го посетат трговскиот и да уживаат во богатата магична понуда од активности.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




