Добивај вести на Viber
Без правилна декларација на пазарот повеќе нема да може да се продаваат домати, пиперки, текстил и шрафчиња Тие треба да бидат безбедни за здравјето на луѓето, да имаат висок степен на заштита на јавните интереси и, пред сè, да ги заштитуваат потрошувачите.
Ова се само дел од принципите на кои се засноваат измените на Законот за надзорот на пазарот, кој го предлага Министерството за економија, со што нашата регулатива се усогласува со таа на Европскиот парламент и на Советот. Се предвидуваат ригорозни контроли, односно формирање координативно тело со 12 члена од сите инспекторати, кои ќе бидат надлежни за контрола на сè што се продава, пишува Дневник.
- Со ставање или со прикачување на ЦЕ-ознаката, производителот посочува дека презема одговорност дека производот е согласно сите закони и правилници. Ставањето ознаки, знаци или натписи на производот со кои ќе се доведат во заблуда трети страни во однос на значењето или формата на ЦЕ-ознаката е забрането – стои во законот.
До колку граѓаните кои сакаат да си ги продаваат доматите од својата бавча ќе мора да ја поседуваат споменатата декларација. Сепак некои од овие одредби на предлог законот би стапиле на сила дури по влегувањето на Македонија во Европската Унија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: