05 Декември, 2025
0.0340

За две години откриени 100 кражби на струја во Струшко

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2013 18:55

Добивај вести на Viber

Десеттина кражби на електрична енергија се открини при техничките контроли на броилата и мерните места што ги направи ЕВН Македонија во текот на јануари и февруари годинава во Струга и околните населени места. Од компанијата информираат дека, само во текот на 2011 и 2012 година во Струшкиот регион биле откриени над сто кражби од извршените околу шест илјади контроли. Според портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски, откриените неправилности се однесуваат на директни кражби на електична енергија, но и на манипулации со броилата на корисниците. „Најголемиот дел од неправилностите или околу 80% се манипулации на броилата, а остатокот се директни кражби. За да платат пониски сметки, некои корисници се осудуваат да тргнат една или две фази од струјата, но ние тоа го откриваме. Точно знаеме колку се испорачало електрична енергија, а колку се потрошило. Сепак во последно време се намалени кражбите и манипулациите. Најмногу вакви неправилности во овој регион, нашите екипи констатираа во текот на 2010 година“, вели Ковачевски. Против сите корисници, потсетува тој, се поднесени кривични пријави и им се направени пресметки за неовластено користење на електрична енергија. „Интензивните контроли на ЕВН, ќе продолжат и во иднина, по случаен избор или поради сомнеж дека некаде постои злоупотреба на електричната мрежа, со цел да се заштитат корисниците кои редовно ги плаќаат сметките, но и да се заштити системот на електричната енергија“, додава портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачески. Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик што стапија на сила на почетокот од годинава, кражбите на сите видови енергија претставуваат кривични дела за кои е предвидена затворска казна до пет години.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!