Добивај вести на Viber
За министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, проектот на Субрата Рој за Џумалија не е предимензиониран, а сите мерки и најавени активности се реални. Индиецот за време на посетата кој најави инвестиција од 300 милиони евра во агрокомбинатот кој ќе го naправи лидер во производство на млеко и млечни производи.
Според Димовски ова е голема и сериозна програма, а иновациите и 2.000 нови вработувања се само дел од тоа што Рој ќе го направи во земјоделството.
„Проектот мора да се реализира бидејќи банкарската гаранција е веќе депонирана. Во спротивно потпишаниот договор со закупецот ќе се раскине“, истакна Димовски пред Собраниска комисија.
Во Министерството за земјоделство најави дека е формирана работна група за големата инвестиција, а најпрво ќе треба да се менуваат урбанистичките планови и да се овозможи изградба на барем десет фарми и три ветеринарни станици за добитокот.
На ова реагираа пратениците од опозицијата. Оттаму повторија дека со условите од договорот, земјиштето му е практично подарено на Субрата Рој. Тие посочија дека плановите се нераелни, банкарската гаранција е манипулација, а Субрата Рој е новиот Моше Баум.
Според договотот за Џумајлија, компанијата на Субрата Рој за закуп годишно ќе плаќа 121.000 евра. Земјиштето е дадено под концесија на 15 години, компанијата треба да преработува 80 илјади литри млеко дневно и да вработи 2000 лица за три години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: