19 Декември, 2025
0.3960

„ДРВОРЕД ЗА ФАЛЕЊЕ“: Се бетонира па се садат дрвја

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 12:58

Добивај вести на Viber

Четириесет  нови јасени засадени на најфреквентната скопска сообраќајница

Градот Скопје работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, односно на надоместување на изгубеното зеленило, зголемување на  парковите и на дрворедите и на  заштити  на сите јавни зелени површини во градот. Есенва ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.


-  За прв пат на Бит-пазар ќе има дрворед. Засадени се 40 нови здрави висококвалитетни садници од видот јасен. Мерната станица на оваа локација изминатиов период покажува висока концентрација на ПМ10 честички, а со зазеленување на овој простор ќе се влијае на намалување на загадувањето. Дополнително, со садењето дрва на оваа локација конечно ќе ги ослободиме тротоарите од возила. Приоритет оваа есен е обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигање нови.  Во Скопје по должината  на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки кои ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници- истакна портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Тој додаде дека минатата недела беше реконструиран дрворедедот на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов каде што беа  заменети 40 исечени и паднати дрвја со нови здрави висококвалитетни садници, односно со ист вид дрвја како што претходно имало во овој дрворед.


Следната недела ќе се реконструира  дрворедот на улицата Франклин Рузвелт, а во наредниот период ќе се подигне нов дрворед во Ѓорче Петров – изјави портпаролот Салиху.

Сите дрвја ќе бидат засадени внимателно, грижливо, задржувајќи се на автентичните видови какви што имало засадено на тие места.


Оваа акција Градот Скопје ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа  учествуваат со свои работници, механизација и садници.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки