Добивај вести на Viber
Тензии помеѓу Грција и Турција поради храмот Аја Софија за кој е поднесено барање повторно да биде претворен во џамија. Еден од најубавите симболи на Истанбул, станува јаболко на раздорот на и онака кревките односи меѓу двете држави. Како што објави „Франс прес“, продолжува размената на остри изјави. Притоа турски власти одговараат дека нивната земја нема што да научи од Грција кога е во прашање слобода на религијата.
Француската новинска агенција потсетува дека претходното грчко министерство за надворешни работи остро реагирало на изјавите на турските државници за можното претворање на музејот во храмот Аја Софија во џамија. Турското министерство за надворешни работи, пак, соопштило дека земјата „нема што да научи“ од Грција за слободата на религијата.
„На сите им е добро познат негативниот однос на грчката влада кон културните добра од Отоманската епоха и местата за молитви“, посочуваат од официјална Анкара.
Истовремено Атина на најавите на турските власти за претворањето на музејот во џамија, вели дека е чудно што најавите доаѓаат од земја која која сака да биде дел од Европската Унија.
„Повторените изјави на високорангирани турски функционер за претворањето на христијанските византиски цркви во џамии претставуваат навреда на верските чувства за милиони христијани“, стои во соопштението на грчкото министерство каде се додава дека „христијанските византиски цркви се неотуѓив дел од светското културно и верско наследство, кон кое треба сите да се однесува заштитнички“, стои во грчкото соопштение.
За кутрата џамија Аја Софија повторно ќе дојдат подобри денови, изјави пред неколку дена вицепремиерот на Турција Булент Аринч. Света Софија е изградена во 537 година и била црква до 1453, за во времето на Отоманската империја да стане џамија.
Подоцна по барање на Кемал Ататурк станува музеј и еден од симболите на Истанбул.