За католиците утре е неработен ден
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Празникот на сите светци, 1 ноември (вторник), е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
До крајот на годината неработни денови се 8 декември (четврток), „Св. Климент Охридски” за сите граѓани, 25 декември (недела), првиот ден на Божик за католиците, и 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик за турската заедница.