ЗА КРАЖБАТА НА МРТОВЕЦОТ ВО СТРУМИЦА: Jавното обвинителство засега го утврди идентитетот на три лица
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Септември, 2020
Немало насилство при подигањето на мртовецот, тврдат од Јавното обвинителство за инцидентот во Струмица.
Тие постапуваат по вчерашното подигање на мртовецот од Инфективното одделение во струмичката болница, откако полицијата ги извести за случајот.
ЈО веднаш издаде насоки да се извршат проверки и во моментов полицијата постапува по дадените наредби се испитува медицинскиот персонал и се работи на утврдување на идентитетот на тие што го подигнале телото, информира портпаролката на ЈО, Елизабета Недановска.
„Според првичните сознанија, од тоа што е во моментот утврдено од страна на Обвинителството, е дека немало насилство од лицата кои го подигнале телото кон медицинскиот персонал, ниту, пак, кршење или уништување на инвентарот или на медицинската опрема“, рече Недановска.
Досега е утврден идентитетот на три лица и откако ќе се утврди на сите и ќе се собере потребната документација до Обвинителството ќе биде поднесена кривична пријава.
„Во случајот најверојатно станува збор за кривична пријава за непостапување по здравствени прописи, затоа што со подигањето на телото е постапено спротивно прописите“, вели Недановска.
Од СВР Струмица за вчерашниот настан денеска информираа дека лекар од Инфективното одделение при струмичката болница пријавил дека околу 09:30 часот кај нив е донесен пациент Џ.Р.(49), кој за кратко време потоа починал.
„Според пријавеното, откако биле известени најблиските на починатиот и од персоналот им било напоменато дека е можно да бил инфициран од вирусот Ковид-19, тие почнале да се однесуваат агресивно и го навредувале персоналот, по што влегле во објектот на Инфективна болница и заедно со креветот го изнеле надвор од објектот, а потоа го ставиле во патничко возило со кое заминале“, информира полицијата.
Посмртен ковид тест ќе треба да се направи кај починатиот.
По вчерашните инциденти во Струмица, за утре е најавен состанок на Локалниот совет за превенција на Струмица.
Синоќа полицијата спречи уште еден инцидент во болницата во Струмица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.