19 Декември, 2025
0.0542

ЗА ЛЕКАРОТ КОЈ УЧЕСТВУВАЛ ВО ПОРОДУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ЧИЕ БЕБЕ ПОЧИНА ЌЕ ИМА ПРЕКРШОЧНИ МЕРКИ - ДСЗИ ги најавува и за болницата и за одговорното лице

Објавено во: Македонија 12 Април, 2023 17:04

Добивај вести на Viber

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако вчера спроведе вонреден надзор за случајот со починатото бебе на младата родилка, пред малку на својата веб страница објави извештај. Најавени се прекршочни мерки за еден лекар кој учествувал во породувањето на родилката, а ДСЗИ ќе иницира и прекршочни мерки и за болницата, и за одговорното лице. 

„Државниот санитарен и здравствен инспектортат на ден 11.04.2023г., изврши вонреден инспекциски  надзор во ЈЗУ КБ „д-р Трифун Пановски „ – Битола  во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К  после кое дошло до смрт кај нејзиното новороднче. Од увидот во медицинската евиденција и документација која се води во пишана и во електронска форма, како и од изјавите дадени од докторите гинеколози – акушери кои учествуваа во лекувањето и третманот на родилката ( д-р М. В, д-р Х Ѓ и , д-р М. А) констатирана е следната фактичка состојба:

Родилката В. К прв пат се јавила на преглед во установата  на ден  08.04.2023г. Прегледот е извршен од дежурниот лекар на одделението за гинекологија и акушерство д-р М.В.

На ден 09.04. 2023 год. пациентката е примена на одделението за гинекологија и акушерство со  искреиран упат од истиот дежурен  лекар кој претходно го извршил прегледот, во 02.25 мин. Запис за прием креиран во 02.34 мин, историја на болест отворена во 02.39 мин. По изјава на  дежурниот лекар , пациентката била примена на одделението поради болки. Прв направен ЦТГ запис во 02.10 часот, земена е крв за биохемиска анализа во 03.11 часот;. Дополнително направени уште два  ЦТГ записи и тоа во 03.30 ч и од 06.20ч со потпис од дежурниот лекар д-р М.В. По приемот на пациентката на одделението за гинекологија и акушерство на 09.04.2023г во утринските часови, по изјава на д-р М.В дадена и е терапија, по што е пуштена дома поради тоа што „раѓањето не било започнато“, пациентката била отпуштена дома со препорака  доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението. Во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо. Исто така нема евидентирано анамнеза и статус на пациенката од страна на дежурниот лекар кој го извршил приемот.

По изјава на лекарите специјалисти по гинекологија и акушерство кои биле дежурни во наредната смена, на ден  09.04.2023г, пациентката В.К околу 14.00 часот се јавила на одделението и по извршениот клинички преглед во амбулантата направен е ЦТГ запис во 14.15 часот. По препораката за прием заради отопчнато породување, со оглед на утврдената состојба при извршениот преглед, констатирано е дека за неа веќе е отворена историја на болест. Пациентката е примена во предродилна сала, направен е ЦТГ запис во 15.00 часот и извршено е породување по природен пат со употреба на вакум екстрактор при излез. Дежурните лекари во наредната смена изјавуваат дека при примопредавањето на дежурството не им било пренесено дека за пациентката В.К претходно е отворена историја на болест и извршен прием на одделението, ниту пак во рапортната тетратка на докторите или медицинските сестри е евидентиран приемот на истата во ноќните часови.

За време на породувањето присутен е и специјалист педијатар – неонатолог. Од увидот во неонатолошкиот картон за лекување и третман на новороденото на В.К констатирано е дека уредно се пополнети сите рубрики. Родено е живо машко дете со АПГАР 2. По неуспешна 10 минутна реанимација од страна на неонатологот, повикан е анестезиолог и контактирана е  ЈЗУ УК за детски болести и побаран е транспорт со инкубатор. И покрај упорната реанимација во траење од 2,35 часа во 18.25 ч. констатирана е смрт на новороденото од страна на присутните лекари специјалист педијатар – неонатологот и специјалист анестезиолог. Телото е предадено на обдукција со пополнети потврда за смрт и лекарски извештај за причина за смрт, а во пријавата за породување истото е  нотирано.

Докторите специјалисти кој учествувале во лекувањето и третманот на пациентката и новороденото имаат лиценци за работа кои се во рок на важност.

За константираните недостатоци  од страна на ДСЗИ ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В , за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на здравството.

За д-р М. В ќе биде изречена и прекршочна мерка по чл.313  ст.1 т.2 од Законот за здравствена заштита.

Во врска со стручниот дел од лекувањето и третманот на родилката В. К и нејзиното починато новороденче  ДСЗИ ќе иницира стручен надзор, согласно чл.296 од Законот за здравствена заштита.

Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан