ЗА ЛУКСУЗНОТО АУДИ: Поднесено e обвинение за Рамиз Мерко
Објавено во: Македонија 01 Март, 2024
Поднесено e обвинение за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за луксузното Ауди.
Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за Мерко за набавка на луксузното Ауди А6, соопштија од Jaвното обвинителство. Пред четири години обвинителството почна истрага за набавка на четири службени возила, меѓу кои и Ауди А6. Вкупната вредност на набавените возила изнесувала 114 илјади евра, а само аудито 66 илјади евра. Набавката на овие возила беше во 2018 година, кога општината имаше неподмирен долг од близу 4 милиони евра. Предметот го поднесе Антикорупциска комисија која бараше кривична одговорност од струшкиот градоначалник поради злоупотреба на службената положба. Градоначалникот е и на црната листа на САД.