05 Декември, 2025
0.0276

За македонските води Швајцарија дава 40 милиони евра

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2012 20:20

Добивај вести на Viber

40 милиони евра за заштита на животната средина инвестираше  Швајцарската агенција за развој во Македонија. Се работи за проект со кој на неколку критични точки се изградени пречистителни станици каде се собира целиот отпад од атмосферската и отпадната вода и се преработува во вода од втора категорија каде повтроно се пушта во реките. Во Куманово изградена е една од најмодрната пречистителни станици на Блаканот. Таа ги собира отпадните води од цело Куманово и околијата ги преработува и повторно ги испушта во Кумановска река која се слива во Пчиња. Преработувајќи ја нечистата вода таа произведува алектирчна енергија која ги задоволува околу 40 % од потребите на станицата. Во оваа станица инвестирани се 20 милиони евра. - Со овој проект не само што ја вративме во живот Кумановска Река туку и Вардар има бенефиција, затоа што е намалено неговото загадување. Со прочистување на фекалиите се добива техничка вода, која им е од голема полза на земјоделците, сточарите, но и на сите жители на Куманово. Станицата е скапа за одржување, потребна ни е помош, но засега сами се снаоѓаме – изјави Виктор Божиновски, директорот на претпријатието „Водовод“. Европската директива налага Македонија да ги идентификува најголемите речни сливови да ги претстави како приоритетни и да вложи во заштита на реките и езерата. Кај нас се иднетификувани три речни слива, на реката Брегалница, охридско преспанскот речен слив и вардарскиот. Оваа станица во Куманово е со интенција за да се ичистат реките што се сливаат во Вардар. Но приоритет Швајцарците дадоа на брегалничкиот речен слив и охридско преспанскиот. Во Берово пред извесно време е изградена нова пречиститена станица која ги собира отпадните води од Берово ги прочистува и ги враќа во Брегалница. Во меѓувреме УНДП во соработка со Швајцарската агенција за поддршка стартуваат нов проект за заштита на целото речно корито на Брегалница. Се работи за проект каде се даваат 4 милиони евра на располагање на 14 општини долж Брегалница за изградба на мали прочестителни станици. Слични проекти се направени и во Преспа каде се исчистени речните сливови и изградена е колекторски систем за преистување на водите ки се сливаат во Преспанско езеро. Ревитализирана е пречистителната станица и во Струга, дадена е донација за нови пумпи на колекторнскит систем. Тука сите отпадни води од Охрид и Струга се собираат во оваа станица се пречистуваат и се пуштаат во реката Дрим.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември