Добивај вести на Viber
Европската Унија ќе даде дополнителни 10 милиони евра за малите и средни претпријатија од Македонија. Како што беше оценето на денешната завршна конференција, проектираните 2,2 милиони евра потрошени преку проектите во изминатите две години биле од голема помош за зголемување на производството и извозот во малите компании.
„Повеќето фирми со поддршка на европските експерти успешно ги остварија поставените цели, зголемување на бројот работни места и поголема конкурентност“, истакна денеска Евроамбасадорот Аиво Орав кој ги најави новите 10 милиони евра за малите бизниси.
Според министерот за економија Ваљон Сараќини, проектите им обезбедиле директна помош на фирмите за подобрување на нивните бизнис перформанси, но и развивање нови деловни вештини на менаџерско ниво.
„Истражување на пазарот, развој на пазарна стратегија, брендирање, барање стратешки партнери, истражување извозни можности и привлекување инвеститори се дел од инструкциите што ги совладаа домашните фирми во рамки на ЕУ-проектите“, рече Сарачини и истакна дека заедно со активните владини програми за вработување и самовработување, значително ќе се зголеми бројот на работни места во малите компании.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.