27 Декември, 2024
0.0295

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Здравствените установи во последниве недели  бележат значителен пораст на пациенти заболени од сезонски грип. Симптомите на грипот оваа сезона се слични на претходните, но големиот број на заболени ја потврдува потребата од зголемена свест за превенција и заштита. Најчестите симптоми на грипот вклучуваат висока температура, силна главоболка, болки во мускулите и зглобовите, замор, кашлица и болка во грлото. Кај одредени пациенти се јавуваат и гастроинтестинални проблеми како мачнина или дијареја. Лекарите советуваат дека првите симптоми не треба да се игнорираат, особено кај ризичните групи, како што се повозрасните лица, децата и хронично болните.

-Кај значителен број пациенти оваа сезона, покрај вообичаените симптоми како температура и кашлица, се појавуваат и гастроинтестинални проблеми, како мачнина, повраќање и дијареја. Овие симптоми дополнително го комплицираат опоравувањето и го зголемуваат ризикот од дехидрација, особено кај децата и повозрасните лица. Пациентите имаат потреба од поголем внес на течности и соодветна терапија за да се избегнат компликации. Препорачуваме при појава на вакви симптоми веднаш да се побара лекарска помош, особено кај децата и луѓето кои имаат хронични заболувања, советуваат матичните лекари.

Истовремено нагласуваат дека брзото препознавање и третман на овие симптоми е клучно за спречување на дополнителни здравствени проблеми, како што се дехидрација и исцрпеност. Превентивните мерки, како што се правилната исхрана, внес на доволно течности, избегнување на контакт со заболени лица, но пред се вакцинација остануваат клучни во заштитата од сезонскиот грип.

Зголемен број пациенти:

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, бројот на пациенти заболени од грип е значително зголемен во последните недели, поради што матичните лекари се соочуваат со зголемен број на прегледи.

Во периодот од 16 до 22 декември се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Деведесет и пет лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет и четири се деца на возраст од пет до 14 години, 12 на возраст до четири години. Осум лица се на возраст над 65 години. Највисока инциденца (12,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст до четири години.

- Заболените се пријавени од 16 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар - 42, Гостивар - 33, Куманово - 22, Тетово - 15, а во Прилеп, Скопје, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино, Македонски Брод, Струмица, Битола, Свети Николе, Кратово и Штип, бројот на заболени е еднаков или помал на пет. Во 14 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар - сезонска, а во Дебар - средна активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.

Она што загрижува, како што велат лекарите, е дека под голем ризик од грип и други  респираторни заболувања се луѓето кои се изложени на студ по повеќе часа, како што се работниците на отворено. Дополнително, загаденоста на воздухот значително придонесува за развој на хронични и акутни респираторни заболувања, што го зголемува ризикот кај популацијата.

Лицата кои поминуваат многу време на отворено, особено во утринските и вечерните часови кога температурите се најниски, се изложени на поголем ризик од инфекции. Загаденоста на воздухот дополнително ја влошува состојбата, бидејќи честичките што ги вдишуваме можат да предизвикаат воспалителни процеси и да ја ослабнат отпорноста на респираторниот систем.

Здравствените власти апелираат на поголема внимателност и почитување на мерките за заштита, со цел да се намали бројот на заболени и да се спречи дополнително оптоварување на здравствениот систем.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски