23 Ноември, 2024
0.0351

ЗА НЕКОГАШНАТА ГРАДЕЖНА ГОРДОСТ, „БЕТОН“ ВЕЌЕ НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД - по стечајот, Берзата ги исклучи акциите од котација

Објавено во: Економија 05 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Иако раководството се обидуваше до последен здив да се бори за да го спаси некогашниот градежен гигант, за „Бетон“ од Скопје веќе нема враќање назад.

Откако пред нешто повеќе од една недела судот го прифати барањето за отворање стечај, вчера и Берзата соопшти дека акциите на таа компанија нема веќе да котираат, а како причина е наведена токму стечајната постапка.

Практично, податоци за Бетон веќе не можат да се најдат на Берзата, и таа компанија веќе не фигурира како издавач на акции на пазарот на капитал.

„Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Бетон АД Скопје, поради стечај на друштвото. Акциите издадени од Бетон ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи од денеска“, се вели во објавата од Берзата.

Фактор веќе објави дека на судкото рочиште што се одржа кон крајот на минатиот месец, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај врз Бетон, поради неисплатените повеќе од осум плати, како и два регреси за годишен одмор. Оваа информација ја соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија. 

„Работниците храбро ја водеа борбата заедно со Синдикатот за градежништво, СГИП, која го даде резултатот што го бараа, а со тоа се покажа дека работодавачите се моќни онолку колку што ќе им дозволат работниците“, информираа тогаш од Градежиот синдикат.

Оттаму нагласија и дека сега самиот Синдикатот ќе обезбеди бесплатна правна помош за постапките за материјално обезбедување на работниците од страна на Агенцијата за вработување, за пријавување на стечајните побарувања за плати и придонеси, како и за други побарувања од работниот однос.

Дали имаше шанси да се спаси оваа некогаш реномирана градежна компанија?

Некакви знаци на надеж се појавија кога ова акционерско друштво го објави својот финансиски извештај за минатата година, кој говореше за помала загуба во работењето од онаа што се случи во 2021 година. Што значи дека градежната компанија и лани работела во зоната на негативата, но сепак нејзината загуба е повеќе од двојно помала во однос на една година претходно.

Или, Билансот на успех на компнијата говореше дека лани „Бетон“ работел со загуба од 5,1 милиони евра, додека, пак, во 2021 година загубата била дури 12,7 милиони евра.

Ако се погледне грубо Билансот на успех на „Бетон“, ќе се забележи дека лани во однос на 2021 година се намалени и приходите и расходите на компанијата, но кај расходите намалувањето е многу поголемо, што влијаело и врз намалувањето на загубата. Па така, вкупните приходи на компанијата лани биле на ниво од 7,5 милиони евра, што е дури ни нецела половина од оние приходи што градежната компанија ги остварила една година претходно, а на расходната страна, пак, се гледа дека вкупните расходи изнесуваат 12 милиони евра, што е за 57 отсто помалку во однос на една година претхоно.

Билансот на состојба на „Бетон“, пак, покажуваше дека обврските на компанијата се намалени за 27 проценти во однос на 2021 година, но сепак тие беа сеуште многу високи и изнесуваат дури 19 милиони евра. Тоа значи дека во стечајната маса на „Бетон“ ќе треба да се соберат најмалку 19 милиони евра, со кои ќе се исплатат сите доверители, меѓу кои и компании, но и вработените на градежното претпријатие, за нивните заостанати плати, како и за двата регреса за годишен одмор.

Инаку, градежната компанија, лани преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што рекоа, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

„Бетон“ во својата објава призна дека оваа 2022 година е несомнено најтешката година од нивното постоење.

Главни акционери во „Бетон“ се компании на бизнисменот Минчо Јорданов.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria