ПО ДОЛГА БИТКА ЗА СПАС, „БЕТОН“ ОДИ ВО СТЕЧАЈ - поради осум неисплатени плати и две К15, Судот го прифати барањето на работниците
Објавено во: Македонија 27 Април, 2023 14:28
На денешното рочиште, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на Бетон АД Скопје поради неисплатените повеќе од 8 плати како и 2 регреси за годишен одмор.
Ова го соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Работниците, храбро ја водеа борбата заедно со Синдикатот СГИП која го даде резултатот што го бараа, а со тоа се покажа дека работодавачите се моќни онолку колку што ќе им дозволат работниците.
По објавувањето на Решението од Судот, Синдикатот СГИП ќе обезбеди бесплатна правна помош за постапките за материјално обезбедување на работниците од страна на АВРМ како и за пријавување на стечајните побарувања за плати и придонеси како и други побарувања од работен однос, а за што Синдикатот СГИП ќе информира на 2 Мај.
Ги повикуваме овие работници да се приклучат на првомајскиот протест за да ги охрабрат и другите работници во борбата за нивните работнички права!
Овој случај да служи на сите работодавачи како потсетник дека нема да дозволиме никој да си игра со судбините на работниците!“, се вели во соопштението од ССМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




