„За Николовски има кривични за сериозно оштетување на буџетот“: Трипуновски обвини дека ексминистерот ги користел патувањата во странство да си купи „нов пар бели патики“
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2025 12:57
Претходната власт иако имаше сериозни притисоци, докажи и укажувања од јавноста, не постапуваше по наводниот криминал, особено во министерството за земјоделство, каде тогаш на позицијата беше Љупчо Николовски, вели министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на седницата пратенички прашања.
„Она што веднаш беше употребено, тоа е националниот механизам, каде што се пристапи кон стопирање на сета работа во делот на платежната агенција, за да се провери што точно се случувало. Тоа не значи блокада на средствата од Брисел, зошто пратеникот Николовски сакаше да подгрее дека имаме блокада од Брисел, дека земјоделците ќе останат без пари“, вели Трипуновски.
Според него, последните податоци велат дека тековните активности се одвиваат непречено, односно сите апликации по ИПАРД повиците се во фаза на евалуација.
„ИПАРД-3 програмата е за период од 2021 до 2027 година со буџет од 128 милиони евра. Од вкупно склучените 453 договори, 289 се веќе исплатени, 111 корисници воопшто немаат испратено барање за исплата, а чекаат за исплата само 53 договори. Паѓа во вода обвинувањето на опозицијата дека ќе останат луѓе без поддршка и дека ќе ги изгубиме средствата. Верувам дека ги стегаат чевлите, поготово поранешниот министер Љупчо Николовски. Знам дека се наоѓаат во тешка состојба и дека тешко може да се договорат кој ќе им биде лидер. Тој беше дел од владата на Зоран Заев и управуваше со ресорот антикорупција и најголема активност му беше броење на водата испиена, а не да се занимава со корупцијата која ја имаше во изобилие“, додаде министерот.
Обвини дека ексминистерот и актуелен пратеник Николовски ги користел патувањата надвор од државата „да си се поднови со нов пар бели патики“.
„За работењето на Николовски се поднесени кривични пријави за кршење на законите и злоупотреба на положбата, како и за сериозно оштетување на државниот буџет“, вели Трипуновски.
Го обвини Николовски дека правел најголема корупција во земјоделството.
„Ние алармиравме за многу злоупотреби, а повеќето излегоа точни. Првиот случај кој е поднесен е за една фирма од Струмица блиска до тогашната власт, а сегашна опозиција, која имала склучено 19 договори за закуп на земјиште. Управителот на оваа фирма наменски бил помлад од 40 години, за да биде ослободен три години од закупнина кон државата. Се направи проверка и беше констатирано дека над 11 договори не се реализирани, а договорите не биле раскинати и дополнително, искористил над 485 илјади евра субвенции, односно буџетски средства. Иако Николовски требало да врши редовно контрола, тоа не се правело. Дел од земјиштето се давало на трети лица на подзакуп“, вели Трипуновски.
Вториот предмет е исто така за земјоделско земјиште.
„Во 2021 година е раскинат договорот, но каде е злоупотребата. Требало да се даде известување за да сопрат исплаќањата. Оваа фирма од 2021 до 2023 година добила буџетски средства кои не требало да ги земе“, посочи Трипуновски.
Обвинува и за злоупотреби во поделбата на грантови за микро производители за вино.
„Министерството нема надлежност да дели грантови затоа што има посебна агенција за финансиска поддршка која има механизам на правила, критериуми, исплата и контрола на средствата кои се доделени. Почитуваниот пратеник, во тоа време како министер има доделено над 80 милиони денари во 2022 и 2023 година заедно преку јавни повици кои ги објавил за вакви грантови. Свесно ја заобиколил агенцијата, надвор од процедура и критериуми. Комисијата која ги делела овие грантови е составена од три члена и замислете, претседател на една од овие комисии од 2022 година е претседател на партиската комисија за земјоделство на СДСМ кој е вработен во министерството и веднаш по откривање на случајот, истиот си поднесе оставка и го напушти министерството. Николовски си унапредувал партиски другарчиња надвор од законите. Свесно се поставувал над законите и го оштетил буџетот со илјадници евра. И за ова треба да одговара пред надлежните институции. Се нема раздолжено со техничката опрема која ја има задолжено од над 300 илајди денари. “, додаде Трипуновски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





