09 Декември, 2023
0.0256

За нормална функција на црниот дроб – изберете природен хепатопротектив

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Црниот дроб е клучен орган во човековото тело, идеално сместен во нашиот организам примајќи ја крвта која поминува низ желудникот, тенкото и дебелото црево, панкреасот и слезината. Бидејќи се наоѓа во оваа положба, црниот дроб врши важна улога во обработувањето на хранливите материи апсорбирани од тенкото црево. Главната функција на црниот дроб е да ги метаболизира, детоксицира и деактивира различни соединенија меѓу кои лекови и токсини, односно ја филтрира крвта пред да ја пренесе на остатокот од телото. Тој исто така  е важен и за регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта, како и за синтеза на протеини кои циркулираат во крвта. Црниот дроб е орган одговорен за преработка на мастите кои се внесени преку исхраната во тип на масти кои се складираат во нашето тело и истите се користат како извор на енергија. Нарушување на овој нормален процес може да се јави при алкохолизам, малнутриција, бременост или труење. При замастен црн дроб, големи капки на масти, претежно триглицериди, се собираат во клетките на црниот дроб. Самата состојба обично не е болна и може да помине подолго време без да се дијагностицира. Но, кога станува збор за поголемо оштетување, тогаш црниот дроб може да се зголеми и до три пати. Стеатозата може да доведе до фиброза и цироза на црниот дроб. Стеатозата е честа болест и афектира околу 25 насто од популацијата. Нарушување на неговата функција може да доведе до сериозни проблеми во нашиот организам. Првите знаци по кои може да препознаете дали имате нарушување на функцијата на црниот дроб се:

- промена на бојата односно пожолтување на кожата и очите (жолтица)

- болки во абдоменот и оток

- оток на рацете и зглобовите

- потемна боја на урината

- хроничен замор и повраќање

- намалување на концентрација на некои витамини и минерали како цинк, селен итн.

Оштетување на црниот дроб може да настане од повеќе причини, некои од нив се: прекумерно внесување на алкохол во долг период, и земање на некои видови на лекарства, неправилна исхрана, болести итн.

Доколку имате било кој од овие симптоми или сте дел од ризична група треба навремено да започнете со третман за подобрување на состојбата на црниот дроб. Најчесто се препорачува третман со природни препарати на база на Силимарин. Силимаринот претставува активна компонента на добро познато растение наречено Млечен трн или кај народот попознато како Магарешки трн. Силимаринот придонесува за нормална функција на црниот дроб така што го зголемува нивото на глутатион во црниот дроб, кој претставува најважен антиоксиданс за заштита на црниот дроб. Ги заштитува црнодробните клетки преку спречување на навлегувањето на штетните токсини и отстранување на истите од клетките. Исто така ги регенерира оштетените клетки и ја зголемува синтезата на протеини во клетката. Има и антиоксидантно, антиинфламаторно и имуномодулаторно дејство. Исто така Артичоката се покажала како доста ефективен препарат за подобрување на функцијата на црниот дроб во синергија со Силимаринот. Артичоката стимулира зголемено лачење на жолчка со што помага да црниот дроб забрзано го претвара вишикот холестерол во жолчни киселини и со тоа да го намали покачениот холестерол. Исто така во периодот на третман се препорачува промена на животниот стил односно да се прекине конзумирање на алкохол, да се конзумира здрава храна и голем број на витамини (антиоксиданти) и минерали како што се витамин Е, цинк, селен кој значително се губат при заболувања на црниот дроб.  Наместо заклучок, црниот дроб со своите детоксикациски  фукции е еден од најважните органи во човековото тело и треба секогаш да го држиме во оптимална форма.

М-р фарм. Лидија Николоска Пешталеска

* ПР - објава

фото: freepik.com


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

Шпаркасе Банка: Кој прв до VIBE ON – CASHBACK?

Шпаркасе Банка: Кој прв до VIBE ON – CASHBACK?

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција