30 Септември, 2024
0.0360

За новинарите и снимателите што ќе мора да работат по 21 часот - дозволи ќе издава МИОА

Објавено во: Македонија 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

МИОА електронски ќе им издава дозволи за работа на новинарите и медиумските работници, кои ќе мораат да бидат ангажирани по 21 часот, соопштија од Владата.

Согласно мерката на Владата за ограничено движење, односно воведување на полициски час и обезбедување на сите предуслови за непречена и професионална работа на медиумите во нашата држава, Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбедува дозвола за работа на терен на медиумските работници и по 21:00 часот.

Овие дозволи ќе започнат да се издаваат од денеска (22-ри март), за што медиумите ќе треба да испратат барање со податоците за новинарот и снимателот кои денеска ќе работат на терен (име и презиме, мобилен телефон, е-маил, ЕМБГ, причина за движење после 21:00 часот и медиум, на маил: cabinet@mioa.gov.mk, најдоцна до 20:00 часот.

Одобрените барања веднаш ќе бидат испратени до МВР, од каде ќе бидат проследени до службените лица кои вечерва ќе вршат контрола на терен.

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).

Од утре (23-ти март), барањата за  дозвола ќе се испраќаат до МИОА еднаш неделно, односно во понеделник, со распоред на екипите кои ќе работат на терен во текот на целата недела.

МИОА, на дневна основа повратно, по електронски пат ќе испраќа до секој медиум потврда за дозволено движење, односно пдф документ со код. Кодот ќе служи за верификација при контролата од страна на МВР. Медиумските екипи кои ќе бидат на терен ќе имаат обврска единствено да го покажат документот, a тоа ќе биде возможно да се направи од мобилниот уред или доколку сакаат и да го испечатат, на службеното лице од МВР.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО