ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 19:18
Осумдневен притвор добија тројца од осумте приведени лица кои го уништуваа македонското знаме.
Судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и одреди осумдневен притвор за тројца од лицата кои го уништуваа македонското знаме. Одлуката е образложена со „опасност од бегство и повторување на делото“.
Приведените лица се сомничат за кривичното дело од член 319, став 1 од Кривичниот законик, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме. Доцна попладнево, тие со полициска придружба беа спроведени во Кривичниот суд.
Партиите го осудија инцидентот. Слични инциденти имаше и на Косово.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




