07 Октомври, 2024
0.0260

За плановите на Субрата Рој кај Љубаниште никој не ја информирал Албанија

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Се подготвува редовна седница на билатералниот секретаријат, на чиј дневен ред ќе биде и прашањето со изградбата на луксузниот хотелски комплекс веднаш до границата со Албанија - вели Аријан Мероли, прв човек на билатералниот секретаријат за управување со Охридско Езеро.

Договорот за заштита на Охридско Езеро и неговиот слив од 2004 година е потпишан и од владите на Македонија и на Албанија и ратификуван во двата парламенти. Овој договор беше изготвен и потпишан во соработка со УНЕСКО.

Членот на билатералниот комитет од албанска страна, Аријан Мероли, во изјавата за Утрински весник вели дека за идејата на индискиот бизнисмен досега никој не ја контактирал албанската страна, на ниедно ниво, ниту официјално, ниту лично него.

„За жал, нема ниту една конкретна информација од македонска страна. Знам онолку колку што самиот сум се информирал во вашето Министерство за заштита на животната средина, Националниот парк ’Галичица‘, Хидро-биолошкиот институт и од македонските медиуми. Имаме потпишано и ратификувано билатерални договори и меѓународни конвенции да се информираме меѓу себе за сите активности кои имаат влијание на квалитетот на водата, флората и фауната во литералната зона на езерото. Само меѓудржавниот договор бара почитување на осум меѓународни конвенции. Примена на сите стандарди и норми во ЕУ и нов статус на езерото“, вели Мероли првиот човек на билатералниот комитет за управување со Охридско Езеро и најавува дека веќе се подготвува редовна седница на чиј дневен ред ќе биде и прашањето со изградбата на луксузниот хотелски комплекс веднаш до границата со Албанија.

Можеби ќе ве интересира

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!