ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Tим oд специјалисти од утре ќе ја утврдува состојбата на секој пациент
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2025 15:52
Tим oд специјалисти од утре ќе ја утврдува состојбата на секој пациент повреден во пожарот во Кочани и потребата од натамошна рехабилитација и помагала.
Станува збор за специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија. Тие ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во Македонија по трагедијата со пожарот. Целта е, како што објасни денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент одделно и потребата од натамошна рехабилитација, нега и помагала.
Во земјава се лекуваат седум пациенти, а во странство уште 11. Вкупно 18 се со незаздравени изгореници на кои им се потребни хируршки третмани. Тројца од пациентите во земјава се хоспитализирани на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, двајца во „Систина“ и двајца во Општата болница – Кочани. Уште 40 лица се на физикална терапија, а 30-на се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити. На 16 март годинава во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 52 луѓе, а повредени беа околу 200. Србија, Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, Турција и многу други помогнаа за лекување на повредените. Ова е еден од најсмртоносните пожари на европско тло.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




