19 Декември, 2025
0.0793

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2023 13:36

Добивај вести на Viber

Во рамки на годинешното традиционално одбележување на Свети Трифун, празникот на лозарите и винарите, винарската визба „Тиквеш“ го претстави на јавноста „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2021 - првото вино од сертифицирано органско грозје. Органското производство на поседот Лепово е резултат на определбата на „Тиквеш“ за следење на најсовремените светски трендови во одгледување на грозје и производство на вино, а истовремено претставува и интегрален дел од стратегијата и активностите за одржлив развој и зелена трансформација на винарницата.

„Иднината на развојот на македонската винска индустрија е во производството на вина кои се барани од страна на потрошувачите на домашниот и на светските пазари. Потрошувачите, особено новите генерации, стануваат се повеќе свесни за органското производство и сакаат да консумираат производи кои се произведени во склад со природата. Следејќи ги ваквите трендови, ,Тиквеш’ започна со производство на автентични вина од органско грозје кои сѐ повеќе стануваат главен избор на потрошувачите ширум светот“, велат од „Тиквеш“.

Органското грозје се произведува по строга регулатива која бара ограничено користење на било какви средства за заштита и третмани. Сертификатот за органско производство е гаранција дека тие вина се произведуваат од грозје кое се одгледува на начин кој е во согласност со природата, при што се применуваат и одредени специфични постапки како што се редукција на приносот на лозите и ноќната берба на грозјето со кои се овозможува поголема концентрација на сите примарни ароматични компоненти. Дополнително, воведени се и посебни енолошки постапки. Такви се примената на т.н. диви квасци кои природно се создаваат на зрната од грозјето, како и одлежувањето и зреењето на виното во посебни бетонски танкови и амфори кои овозможуваат вината произведени на ваков начин да имаат врвни, уникатни карактеристики кои се одлика за премиум вина.

Инаку, првото вино од сертифицирано органско грозје „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“ наскоро ќе биде пласирано на пазарот. Покрај него, почнувајќи од бербата 2021, сите останати вина од поседот Лепово ќе бидат произведени од органско грозје, што претставува значајна придобивка која ја зголемува нивната додадена вредност и конкурентска предност.

Составен дел од настанот за промоција на првото вино од сертифицирано органско грозје беше и традиционалното закројување на лозите кое се одржа во присуство на голем број партнери, лозари, дипломати, вински познавачи и пријатели на „Тиквеш“.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии