05 Декември, 2025
0.0303

За предностите и недостатоците од Болоњскиот систем на студирање

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2013 22:15

Добивај вести на Viber

Болоњскиот систем на студирање, предностите и недостатоците од него беа главна тема на денешниот Отворен ден на високото образование, во организација на Ректоратот на  Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје. „Позитивна работа на Болоња која е препознатлив знак на самиот систем е проодноста или мобилноста што тој ја нуди, односно можноста за студирање на еден универзитет и префрлање на друг, препознавање на студските програми и предметите. Многу е важно да биде зачувана таа проодност, со цел студентите да ги користат бенефитите во иднина.Треба да се задржат предностите на Болоња, а фокусот да биде на слабостите кои некои европски земји веќе ги идентификуваа и преземаат чекори за нивно надминување“, посочи министерот за образование Панче Кралев. Според Ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, треба да се направи ревизија на некои сегменти од Болоњскиот систем, а повеќето професори побарале и враќање на завршниот усен испит за проверка на знаењето на студентите. „Се поставува прашање за одделни сегменти од Болоњската декларација, но не може да се каже дека Болоња е процес што воопшто не функционира. Придобивка на овој систем е токму усогласување на регулираните професии, каде што спаѓаат медицината, стоматологијата, ветерината, градежништвото, на ниво на Европската унија. Со помош на овој систем и со одделени проекти се изготви рамка на квалификации, што значи дека сите студенти кои студираат по Болоњскиот систем, покрај дипломата добиваат и додаток на дипломата со кој ќе бидат препознатливи на пазарот на трудот во Европа“, истакна Ректорот. Последниве години околу 90 отсто од средношколците заминуваат на факултет.Со Болоњскиот сисем на студирање, дополнително расте и бројот на магистри, а вработувањето сеуште останува огромен проблем за сите високообразовани млади луѓе.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј