25 Ноември, 2024
0.0494

ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ: Владата донесе одлука за приоритетно издавање на патни документи

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

По иницијатива на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе одлука за приоритетно издавање на патни документи за сите професионални возачи.

„Овозможуваме непречен меѓународен транспорт и побрзо издавање на патни исправи за домашните транспортери“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, откако денеска на седница на Владата се донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи.

Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.

Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

„Изнаоѓаме решение како Влада за издавање патни исправи по брза лента со цел да излеземе во пресрет на оваа многу значајна дејност за државата, имајќи предвид дека околу 90 проценти од транспортот на товар во државата се врши по патниот сообраќај. Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите“, рече Бочварски.

Во Македонија сите граѓани треба да ги заменат старите документи со нови на кои ќе стои новото име на земјава, Северна Македонија. Ова е во согласност со Договорот од Преспа. Грција деновиве опомена дека одредбите мора да се почитуваат. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик