За прв пат етнички Албанец влегува меѓу „тигрите“, ги спасувал пратениците од ликвидација
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2018 10:32
За прв пат етнички Албанец како специјалец на полициските сили влегува во единицата „тигри“, во која досега, како што пишува „Ина“, само Македонците во главно имаат ексклузивно право на членство. Локман Селими ќе биде „награден“ на позицијата заменик-командант на „тигрите“ откако се жртвувал во обезбедувањето на пратениците на „крвавиот четврток“ на 27 април минатата година во Собранието на РМ.
Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, поднел предлог за вклучување на Локман Селими на раководна позиција во полициската Единица за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигар“.
Во специјалната полициска единица „Тигар“, 37 години од нејзиното формирање, ниту еден Албанец не е вработен.Локман Селими е ефектив на Специјалните сили на Македонија од Арачиново.
- Тој е командант на една екипа на специјалните сили, кои ги спасија животите на пратениците вечерта на 27 април во Собранието на Македонија од насилството на хулиганите, без да прават разлика дали беа македонски или албански пратеници. Тој и тројца албански членови на оваа екипа беа повредени здобивајќи се со разни телесни повреди, пишува „Ина“ во објавениот текст.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




