16 Мај, 2024
0.0355

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Дрон носи вакцини

Објавено во: Свет 19 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Дрон испорача вакцини на тешко достапен регион на остров во Пацификот. Ова се случува за прв пат во историјата.

Уницеф искористи дрон кој помина околу 40 километри над високи планинински врвови на островите Вануату за да достави вакцина неопхода за мало бебе, пренесува „Би-би-си“. Револуционерниот начин на доставување со дрон заштедил неколку часа за дистрибуција на вакцините.

Островот Вануату во Јужниот Пацифик се соочува со сериозни проблеми со вакцинирањето и околку 20 отсто од децата во оваа земја не добиваат соодветна имунизација поради тоа што доставата на вакцините е многу тешка. Детската организација на Обединетите нации се надева дека во иднина, доставите со дрон би биле од витално значење за обласитите кои се тешко достапни.

Иако ова не е прв случај во светот каде што дронови биле користени за да се достават различни типови на лекови, од Уницеф велат за првпат некоја земја во светот искористила услуги на комерцијална компанија за дронови.

Дронот ги пренел вакцините во кутија од стиропор полна со мраз и систем за мерење на температурата во тешкодостапното село Ероманго, а потоа тие биле искористени за да се имунизираат 13 деца и 5 бремени жени во местото во Вануату. Локацијата е достапна само пеш или со брод и би било потребно неколку часа да се стигне до него, а на дронот му биле потреби само 25 минути да допатува до селото.

Вакцините и  медицинските материјали треба да се чуваат во кутии со мраз, па така тие многу тешко се пренесуваат преку реки, планини и на дождлив терен. Медицинските лица кои работат на имунизација во овие делови од светот се согласуваат дека новоприфатениот начин на дистрибуција на вакцини ќе помогне тие да се достават на многу други места во светот кои се тешко достапни.

Можеби ќе ве интересира

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?