20 Декември, 2025
0.0383

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Кој е првиот Албанец кој ќе биде на чело на МВР?

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2016 13:36

Добивај вести на Viber

За прв пат во историјата на Македонија, Албанец ќе застане на чело на Министерството за внатрешни работи, се додека да се состави новата Влада.

Државната изборна комисија утре ќе го соопшти конечниот исход од изборите а министерите кои беа именувани согласно Пржинскиот договор ќе се повлечат од функциите кои ги извршуваа досега.

Кој ќе биде привремениот министер на МВР?

Коримилото на МВР ќе го презеде Агим Нухиу кој во моментов е заменик министер во Министерството за внатрешни работи.

Од неговата официјална биографија објавена на сајтот на министерството може да се заклучи дека  Агим Нухиу е роден на 24 август 1977 година во с. Слатина, Тетово.

Од пишаното во биографијата дознаваме дека тој станал Доктор на правни науки – на Правниот Факултет - Универзитет во Тирана, Албанија, во 2009-2013.

Во неговото образование спаѓа и:

-Магистер на правни науки – граѓанско право, Правен Факултет - Универзитет во Приштина, Косово, 2001-2008;

-Магистер на правни науки – граѓанско право, Правен Факултет – Универзитет во Тирана, Албанија, 2005-2007;

-Дипломиран правник – Правен Факултет, Универзитет во Тетово, 2001;

Работно искуство:

Продекан за наука на Правен Факултет, Државен Универзитет во Тетово, 2015;

•  Шеф на Катедра на граѓанско право – Правен Факултет, Државен Универзитет во Тетово, 2015;

•  Координатор на Меѓународно научно списание за правни прашања ‘‘ЈУСТИЦИА‘‘, на Правен Факултет, Државен Универзитет во Тетово, 2015 ;

•  Доцент на Правен Факултет, Државен Универзитет во Тетово, за предметите ‘‘Граѓанско право‘‘ и ‘‘Граѓанско процесно право‘‘, 2013;

•  Главен уредник на Меѓународно научно списание за правни прашања ‘‘Ulpianus‘‘, Здружение на Правници Албанци во Македонија, 2002;

•  Член на Комисија за заштита од дискриминација, 2011-2015;

•  Претседател на Научни Истражувачки Форум на Здружението на Правници Албанци во Македонија, 2011;

•  Член на Советодавниот комитет за спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, 2011;

•  Претседател на Советот на Државен Универзитет во Тетово, 2010;

•  В.Д. Декан на Правен Факултет, Државен Универзитет во Тетово 2009-2010;

•  Член на Комисијата за полагање на испитот за претставник на заштита на индустриска сопственост, 2008;

•  Член на Државен Матурски Одбор, 2008-2014;

•  Член на Одборот за акредитација на институциите на високото образование, 2008-2010;

•  Продекан за настава на Правен Факултет, Државен Универзитет во Тетово, 2006-2007;

•  Координатор за ЕКТС на Правен Факултет, Државен Универзитет во Тетово, 2005-2006;

•  Член на Комисија за правни – статутарни прашања на Општина Теарце, 2004-2008;

•  Потпретседател на Управниот Одбор на Заводот за заштита на здравјето – Тетово, 2002-2007;

•  Член на Сенатот на Универзитетот во Тетово, 2002-2004;

Експертски ангажмани во проекти за концептот на еднаквоста и недискриминацијата:

• Проектот (PR 368084) „Promotion and protection of the concept of equality and non-discrimination” OSCE, Mission to Skopje, 2015;• Проектот (PR 374862) “Strengthening National Capacity to Tacle Hate Crime and Hate Speech”, OSCE, Mission to Skopje, 2015;• Проектот „Зајакнување на владеење на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани‘‘, Х.Е.Р.А. - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Скопје, 2015;• Проектот „Roma in the European Cities, период декември 2011 - август 2013‘‘, со невладината организација „Месечина‘‘, Гостивар, 2014.

Познавање на јазици:

• Албански (мајчин јазик)
• Македонски јазик
• Англиски јазик

Брачна состојба:

• Женет
• Татко на две деца

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки