14 Март, 2025
0.0292

За СДСМ протоколот е пораз на Груевизмот, за ВМРО-ДПМНЕ завршува една неправда

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2019 15:03

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО е најголемиот пораз за осудениот криминалец Никола Груевски, неговите криминални и антидржавни политики и неговиот пион Христијан Мицкоски. 

Велат дека единаесет години Груевски ја држеше Македонија во заложништво, во изолација само со една цел криминално да се богати на сметка на осиромашените граѓани и држава. 

„Денес, кога Македонија седнува на своето столче во најголемиот безбедносен сојуз, криминалецот Груевски од Будимпешта се јави со нови насоки на неговиот пион Христијан Мицкоски. Залудно Груевски се обидува да му дава инструкции на Хидро Мицкоски, нема да успеат, граѓаните ги поразија, нема да ја вратат Македонија во темното минато на криминал, неизвесност и изолација“, се вели во партиското соопштение. Од партијата додаваат дека „иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО, а иднината на криминалецот Груевски е во затвор, на издржување на казната што судот му ја одреди“, наведуваат во соопштението. 

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува потпишувањето на пристапниот протокол за НАТО за Република Македонија. 

„Ова е важен ден за Република Македонија и денес се завршува една неправда нанесена на државата од пред повеќе од 10 години. Влезот на Република Македонија во НАТО е долго очекуван и заслужен уште од 2008-тата година. Република Македонија уште на самитот во Букурешт ги имаше исполнето сите реформи и услови за полноправно членство, но за жал тогаш беше спречена да стане членка само поради противењето на Република Грција и нејзиниот проблем со нашето уставно име и идентитет, кои сега на штета на граѓаните и државата на непринципиелен начин беа сменети по нивна мера“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходно, екс премиерот Никола Груевски на Фејсбук напиша дека од почетокот до денес, е отворен поборник на членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

АКО „ПАЈАК“ ВИ ГО ОДНЕСЕ ВОЗИЛОТО, ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ НА НОВА ЛОКАЦИЈА: Ново депо на Општина центар

АКО „ПАЈАК“ ВИ ГО ОДНЕСЕ ВОЗИЛОТО, ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ НА НОВА ЛОКАЦИЈА: Ново депо на Општина центар

„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“