20 Декември, 2025
0.0517

За седум милиони евра ќе се купуваат биохемиски анализатори за здравството

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2013 20:35

Добивај вести на Viber

Со јавен повик ќе се купуваат тестови за биохемиски анализатори  вредни околу седум милиони евра. Како што информираа од Министерството за здравство, оној што ќе го добие тендерот за реагенси, ќе треба да обезбеди и 11 автоматски биохемиски анализатори за девет јавни здравствени установи, бесплатен сервис и бесплатна замена на резервни делови. Како што информираше министерот Никола Тодоров, понуда ќе ја добие оној кој ќе настапи со најниски цени. Објасни дека до сега, набавките се вршеле по обратен редослед. Прво некој од добавувачите како донација ги давал анализаторите на јавните здравствени установи, но потоа тие морале да купуваат реагенси од него најчесто по многу повисоки цени. „Со овој тендер, всушност продолжуваме со претходно воспоставениот систем за набавка на биохемиски анализатори. Ова е втора ваква набавка, со претходната која беше пилот проект беа опфатени три здравствени установи, кога беа заштедени средства во висина од околу 40 илјади евра“, истакна Тодоров. Според најавите, новите анализаторите ќе бидат наменети за клиниките за детски болести,  гинекологија, хематологија,  онкологија и радиотерапија, Клиничка биохемија, како и за болницата Свети Наум Охридски и за клиничките болници во Битола, Тетово и Штип.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии