ЗА СЕКОЕ РОДЕНО ДЕТЕ СТИМУЛАЦИИ ДО 5.000 ЕВРА - Вучиќ најави како ќе се зголемува наталитетот

Објавено во: Балкан 26 Јули, 2021
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави промена на законот за бремени жени и значително зголемување на стимулациите за новороденчињата. Судејќи според најавите, од денешните еднократни 100.000 динари, односно околу 900 евра за раѓање на првото дете, мајките и татковците во Србија може да очекуваат придобивки до 5.000 евра за раѓање на дете.
Вучиќ најави дека Србија ќе биде „најсилната земја во Европа според стапките на стимулација на раѓање“.
„Ќе одиме со измени во законот и ќе им олесниме многу работи на бремените жени и мајки, а исто така ќе одиме со големо и значително зголемување на износот за раѓање деца – за прво, второ, трето, четврто дете“, рече Вучиќ како гостин на ТВ Пинк.
Патем, сегашните придобивки за родителите или како што народот го знае „родителскиот додаток“ за првото дете, изнесуваат 100.000 динари и се плаќаат еднаш. Гледајќи во најавата за зголемувањето, еднократната исплата би се зголемила за повеќе од 4.000 евра.
Значи, судејќи според најавата на претседателот на Србија, дека секое новородено дете ќе добие до 5.000 евра, односно „прво, второ, трето и четврто“ дете.
Најавените мерки ќе донесат голем поттик и за второроденото дете. Досега, родителите добиле 240.000 динари за второ дете, односно околу 2.000 евра на рати, а според најавите на Вучиќ, според новата одлука, помошта би била многу поголема.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителство: Бојко Борисов лично ги дал парите за куќата во Барселона

Поради громови испукаа стаклата на автомобили во Белград

Оштетени се кафулиња и дуќани во експлозија во Косовска Митровица
Вјоса Османи: Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата

Момчиња истепале дете од Кина во српско училиште, тоа донело нож

Косово да им попушти на Србите или ќе трпи последици

НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ НАДЕЖ ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве што велат блаканските метеоролози

ОТКРИЕНО Е ЗОШТО КОСТА К. ГАЃАЛ ЗАЧУДУВАЧКИ ПРЕЦИЗНО - користел специјално направен пиштол, еве која е додатната опрема
