Добивај вести на Viber
Со цел да се промовира важноста на детското штедење, осигурителната компанијата „Кроација осигурување – живот“ АД Скопје изминативе неколку дена одржа презентација во повеќе објекти на детската градинка „Бубамара“ во општина Аеродром.
Под мотото „Со Коко се дружам за безгрижно да раснам“, децата на возраст од 4 до 6 години се запознаа со тоа што е „детско штедење“, а истовремено имаа можност да се дружат со маскотата Коко, додека нивните родители се интересираа за поволностите кои ги нуди компанијата.
Од „Кроација осигурување – живот“ АД Скопје на децата им подарија боенка „Коко во циркус“, а на родителите по еден вредносен чек од 1.350 денари за детско штедно осигурување.