За шетање по планина ќе се наплатува по 30 денари?!
Објавено во: Економија 01 Јули, 2013 16:10
Шетањето по планината Галичица ќе почне да се наплатува за десетина дена. Во моментов се набавуваат фискалните каси, а наплатни пунктови ќе има на влезот на националниот парк кај Трпејца и Стење.
Според последните измени, влез ќе се наплатува и на Пелистер и Маврово, но овде надлежните се уште се екипираат, па засега нема конкретни најави кога ќе почне плаќањето, јавува Радио МОФ.
Според последната владина одлука, секој што ќе сака да се прошета во некој од трите национални паркови во земјава, ќе треба да плати 30 денари, или 10 денари помалку ако се работи за организирани групи поголеми од 15 лица. За влез на автомобил и мотор, билетот ќе чини 50 денари, а за автобус 200 денари. Граѓаните кои сакаат да берат шумски плодови ќе треба да извадат дозвола, која чини 500 денари по собирач.
Ослободено од плаќање ќе биде само локалното население. Но, ова не зачи дека од плаќање ќе бидат ослободени сопствениците на викендички и нивните гости, велат од паркот „Галичица“.
„Гостите и сопствениците на викендици не се локално население, а сите кои немаат адреса на живеење во националниот парк ќе мораат да плаќаат“, изјави директорот на НП„Галичица“Зоран Велјаноски, за Радио МОФ.
Според најавите, парите собрани од билетите треба да се користат за развој на туризмот и за унапредување и заштита на националните паркови.
Можеби ќе ве интересира
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




