За што Македонец најчесто „дига“ кредит?
Објавено во: Анализа 17 Јули, 2018 14:17
Податоците на две од трите најголеми банки покажуваат дека граѓаните најмногу преферираат потрошувачки односно ненаменски кредити. Во споредба со сите други банкарски продукти нивната побарувачка најмногу пораснала лани
Македонците најчесто одлучуваат да подигнат ненаменски готовински кредит според банкарски жаргон или народски кажано : потрошувачки кредит!
Таков тип на заем доминира во кредитната структура на работа со население кај двете големи банки кои намјногу работат со население: Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка Скопје. Граѓаните го земаат за најразлична намена: крпење на финансиски дупки, спремање матурска или свадба, одење на одмор, купување уреди за домаќинство или купување половен автомобил, мало реновирање или некоја друга домашна или лична потреба, а можеби и само хир.
Според официјалните податоци на Стопанска банка Скопје и на НЛБ Банка лани нивната вкупна изложеност по ненаменски или потрошувачки кредити надминува 656 милиони евра и кај двете банки тој продукт е најбаран и со најголема стапка на раст во однос на 2016 година.
Кај Стопанска банка на крајот на 2017 година нивото на потрошувачки кредити е 385 милиони евра и тоа е за 51 милиони евра повеќе од 2016 година. Втор по големина кредитен продукт кој го бараат граѓаните се станбените кредити и тие лани изнесувале 155 милиони евра и во однос на 2016 година пораснале за 4 милиони евра. Тоа покажува дека граѓаните се многу повоздржани кога станува збор за станбени кредити и потешко се одлучуваат за нив или пак банките имаат покомплексни процедури за нивно одобрување. Значајна кредитна ставка се и кеш кредитите познати под називот „Мој кеш“ и кредитните картички на Стопанска банка задолжување кое лани било на ниво од 113 милиони евра и пораснало за 5 милиони евра во однос на 2016 година.
Кај НЛБ Банка исто како и кај Стопанска банка потрошувачките кредити се најголемата ставка во структурата на изложеност на банката спрема населението. Нивниот износ на крај на 2017 година е 271,5 милиони евра и книжи раст од 10,3 отсто во однос на 2016 година. Нивото на станбените кредити е 141,4 милиони евра и книжи раст од 10 отсто за една година. Трета ставка во портфолиото на кредитни продукти за население на оваа банка се кредитните картички и тие се на ниво од 34,2 милиони евра. Вкупната изложеност спрема население на банката лани е 468 милиони евра на оваа банка.
Комерцијална банка, која е дел од тројката најголеми банки, има многу мала изложеност спрема население кога ќе се спореди со своите конкуренти. Според поатоците од нејзниот годишен извештај за 2017 година нејзините пласмани по основ на ненаменски и на станбени кредити изнесуваат вкупно околу 54 милиони евра. Од тоа на потрошувачки кредити отпаѓаат 28,9 милиони евра, а на станбени кредити 25 милиони евра.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





