За што разговараше Хан со Јанева и со претставници на организациите?
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан кажа дека го запознала како се одвива работата на СЈО.
Го информирала и за сите предизвици со кои обвинителството се соочува.
„За сè еврокомесарот ќе си каже на прес-конферецијата во 14 часот“ - рече таа.
По средбата со лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и со Али Ахмети, еврокомесарот Хан напладне во седиштето на СДСМ ќе се сретне со лидерот на партијата, Зоран Заев, по што во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се сретне со Никола Груевски.
Претходно, Хан се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кого разговарале за исполнување на условите за веродостојни избори, спроведување на реформските приоритети и за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.
Претставниците на невладиниот сектор пак, на средбата со Хан побарале да се формира независно судско одделение што ќе работи на случаите на СЈО.