05 Декември, 2025
0.1072

За Скопје 2014, Александар Димитриевски: ГОЛЕМИОТ проект со многу пукнатини!

Објавено во: Анализа 28 Април, 2013 18:32

Добивај вести на Viber

Постојано известувајќи за сегменти од него, обидот на прва да извлечам општо мислење за Скопје 2014 почнува со дека е Голем. Толкава е таа магнитуда што жив сведок се секојдневните нови процепи дури и онаму каде не се надзирале ниту пукнатини. Не мислам тука на финансиски, градежни или други непланирани отвори. Во големата слика и идеја тие се од минлив карактер. Мислам на нашето македонско општество, кое е тектонски поместено, без јасна идеја и перспектива дали на подобро или на полошо. Причината за таа големина, следствената тежина и нејасните последици од Скопје 2014-та ги гледам пред се во неговиот историски карактер. Не толку во смисла на Проект за во историјата, туку начинот на кој Проектот самиот се занимава со неа, и тоа пред се нашата, македонската. Како своевидна историска читанка, наоѓа место за Гоце, Даме, Ченто, Александар, Филип, Самоил и многу други кои со својот живот, дејност или борба придонеле да сме во моментов самостоен народ и да имаме Држава. Но тука се јавува и најголемата пукнатина. Почитувајќи ги поставените државотворци, Проектот не ја испочитува нивната творба -Државата. Прво, содржината на таа историска читанка не помина на преглед, дебата и усогласување пред да се објави - пред телата и органите на највисоките научни институции на Република Македонија. Или со други зборови Проектот не помина низ официјален и јавен филтер на институции како МАНУ, ИНИ, надлежните Универзитети, Академии, Факултети. Второ, освен пополнувањето на празниот простор, Проектот се дрзна и му успеа да “ре- обмисли” и “ре-интерпретира” дел од веќе изграденото. Така Скопје 2014-та на моменти се манифестираше како репер за Вистината, и тоа Вистина над онаа која ја создаваат институциите на Државата. Сето кажано ме враќа до почетоното мислење за проектот Скопје 2014-та како Голем. Други епитети за неговите манифестации во реалноста ми изгледаат непотребни во оваа прилика. Повеќе всушност не е ниту важно дали е убав или грд, скап или евтин, кич или уметност. На него треба пред се да се гледа само како на Голем, бидејќи му успеа да најде плодна почва да се роди и развие некаде надвор од местата каде Државата памети и учи, без сериозен отпор. Тука и Скопје 2014 натежнува со целата својата Големина врз општеството- тој е и ќе остане нечиј- на Владата, на Партијата ... никогаш не ќе е сечиј- на сите граѓани, на Државата. Александар Димитриевски, новинар Фактор Ви ги претставува мислењата на дел од македонските новинари и јавни личности за проектот Скопје 2014. Не мора да значи дека нивните ставови ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, но и сега и во иднина ќе правиме се овие ставови да бидат достапни за нашата читателската публика, како придонес во развојот на економската и политичка дебата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?