05 Декември, 2025
0.0283

За Скопје 2014, Миленко Неделковски: Изградивме нова Александрија!

Објавено во: Анализа 28 Април, 2013 14:22

Добивај вести на Viber

Да не се заборават неколку работи: 1. Половина од парите стигнати како меѓународна солидарна помош поради катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963-та (пред пола век), не стигнаа до овдека. Завршија за изградба на Нови Београд. 2. ЈБ Тито ја одби понудата на Џон Кенеди, Скопје по земјотресот да стане отворен град. Нешто како Хонг Конг. 3. Кристалниот скап “Сваровски“ лустер од Офицерскиот дом не беше паднат од земјотресот. Уште се држеше за таванот. Но, мистериозно изчезна “за сва времена“. 4. Офицерскиот дом, исто како и Народна банка беа згради што можеа да се спасат и да не се рушат. Но, комунистичата власт имаше идеа да изгради “постаро и поубаво Скопје“ (точен цитат од говорите). 5. Традицијата на Скопје како боемски град (гркот Зорба живеел, лумпувал, умрел и е погребан во Скопје) е уништен со бетонските зидини на Кензо Танге. Бетонскиот УКИМ, како и МОБ се проекти што предходно се одбиени да се градат во други градови во СФРЈ. 6. Зградите од Капиштец вечно го прекинаа дотокот на свеж ветер кон центарот на Скопје од правец на Водно. 7. Плоштадот во Скопје, со плочките на Пенов, личеше на плоштадот во Тирана во време на Енвер Хоџа. Па така, повеќе од нужно (историски, социолошки, културолошки...) беше да се појават луѓе што ќе ги искористат државните ресурси, но и странските компании (хотели, ЕВН...) за да го разубават градот. Повеќе од нужно беше, после 23 века, после 20 века, после 10 века, после 200 години, после 100 години, после 50 години - да си ги видиме своите славни предци. Исто како што тоа право го уживаат италијаните, французите, енглезите... Филип, Александар, Јустинијан, Самоил, Гоце, Јане, Ченто... Сите. Ние имаме богата историја, жалам што многу наши соседи не ни се ни до колена. Но нашата историја мора и треба да си ја покажеме и чествуваме. После 56 години живот во овој град, конечно, не се срамам да пречекам гостин на аеродром. Да не се срамам возејки го по булевари, кружни текови... Да не се срамам, бидејки имам каде да го однесам да се фотографира, во музеј да види национална постановка како во секоја друга сериозна земја во светот... Градејки го Скопје последниве 7 години, ние жителите на Македонија, изградивме нова Александрија. Александрија, подоцна запалена и уништеа од римјаните, беше изградена од Александар. како што кажува и името. Новата Александрија сега е во срцето на Македонија, меѓу наследниците на Филип и Александар. Нека ни е вечна. Миленко Неделковски Фактор Ви ги претставува мислењата на дел од македонските новинари и јавни личности за проектот Скопје 2014. Не мора да значи дека нивните ставови ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, но и сега и во иднина ќе правиме се овие ставови да бидат достапни за нашата читателската публика, како придонес во развојот на економската и политичка дебата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?