05 Декември, 2025
0.4143

За Скопје 2014, Милка Смилевска: Ревизијата ќе покаже дали имало злоупотреба!

Објавено во: Анализа 28 Април, 2013 23:30

Добивај вести на Viber

Пред четири години на Антикорупциската комисија и го дадов како доказ мојот телевизиски прилог во кој сопственикот на леарницата Арте Бронзо од Верона, вели дека наместо 8,5 милиони евра, неколку споменици од Скопје 2014 ќе ги изработел за  2,7 милиони евра. Скулпторот Андреа Пизани беше шокиран од висината на сумата што општина Центар ја плаќа на леарницата Фердинандо Маринели од Фиренца. Се излеаа два пара лавови, спомениците на Гоце Делчев,  Даме Груев, Никола Карев и рељефите на фонтаната во центарот на Скопје. Пизани во телефонскиот разговор велеше дека три пати повисоката сума што ја добил неговиот колега е неверојатна! -      Не знам како властите од Скопје ги платиле овие пари. После ова слободно можат да ја затворат леарницата – се чудеше италијанскиот леар. Но не се чудеше тогашната прва антикорупционерка Мирјана Димовска. И покрај тоа што на моја иницијатива и ги дадов сите информации што ги имам , таа ниту отвори случај ниту истражи дали општина Центар го има злоупотребено буџетот, затоа што дала многу повеќе јавни пари за споменици, кои можела да ги купи за помала сума. Адвокатот Драган Малиновски, во 2009, од позиција на поранешен член на Антикорупциската изјави дека регулаторното тело треба веднаш да го испита случајот со леењето на монументите за неколку пати повисока цена. Некој треба да одговори зошто склучил штетен договор од 8,5 милиони евра – рече Малиновски. Сега, по смената на локалната власт во Центар се отвора простор да се испитаат сите набавки од Скопје 2014 што се спроведоа преку општината. Власта во Македонија, дури шест години откако ја почна реализацијата на проектот, пред некој ден соопшти дека досега се потрошени 207 милиони евра. Голем дел од оваа сума се дадени за бронзените и мермерни споменици. Ревизијата што ја најави градоначалникот Андреј Жерновски ќе покаже дали имало злоупотреби и дали антикорупциската комисија и обвинителството треба да спроведат подлабока истрага како се трошеле јавните пари. Милка Смилевска, Ал Џезеира Фактор Ви ги претставува мислењата на дел од македонските новинари и јавни личности за проектот Скопје 2014. Не мора да значи дека нивните ставови ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, но и сега и во иднина ќе правиме се овие ставови да бидат достапни за нашата читателската публика, како придонес во развојот на економската и политичка дебата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?