29 Март, 2024
0.0248

За Скопје 2014, Мишко Иванов: Културолошки шок или создавање нова историја

Објавено во: Анализа 28 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Проектот Скопје 2014 несомнено отвори многу прашања. Но едно е јасно, ова е проект за кои се потрошија огромни суми на пари (министерство за култура: 207 милиони евра) во период кога земјава беше во далбока економска криза, сеуште по земјава за корка леб молат заборавени стечајци, вработени во фирми државни загубари. Малку е иронично, цинично и бизарно да тврдиш дека немаш пари за луѓе кои навистина имаат сериозни проблеми и се доведени на работ на питачење, а од друга страна со неподнослива леснотија да презентираш дека за неполни шест години си потрошил повеќе од 200 милиони евра. Еконосмаката, финансиската димензија на проектот Скопје 2014 доправа и дополнително ќе се утврдува, преку ревизии, особено сега по локалните избори и промените во општина Центар. Еве и да прифатиме дека проектот чинел 207 милиони евра (што е неверојатно голема сума), зошто минстерството за култура и претходната гарнитура на општина Центар чекаа цели пет години за да дадат комплетен отчет за Скопје 2014? Зошто тоа не го сторија претходно кога почна изградбата на зградите, поставувањето на споменците. (па дури своевремено тврдењата беа дека целиот проект чинел 80 милиони евра) Што доколку ревизијата открие поголема сума и од 200 милиони евра. Спорна е и културолошката димензија на проектот Поразот на Тодоровиќ во Центар, преку која општина се реализираше целиот проект Скопје 2014 несомнено покажа дека мнозинството центарци не го обожуваат трупањето згради, споменици во централното градско подрачје. Проблематичен е и стилот, барок. Зошто барок на кого му се допаѓа, имаше ли референдум за целиот проект, зошто се е сконцентрирано во Скопје, во центарот на метрополата. Велат за вкусовите не се разговара, но големи странски стручњаци сепак овој проект го прогласија за кич на деценијата. Марио Бота еден од најпознтите светски архитекти беше во Скопје пред две години, немаше особен третман во јавноста, но сепак сеуште се сеќавам на дел од неговите импресии за проектот, особено после прошетката низ метрополата - Ова е Дизниленд. Инаку, Марио Бота е декан на архитектонскиот факултет во Тичино, италијански кантон во Швајцарија, со сопствени продукции речиси насекаде низ светот. Е сега, ако еден архитект од светски ранг има ваков коментар, а и поголем дел од јавноста не се согласува со овој проекто, тогаш која е поентата на целиот проект. Никој не е против градење, но во ситуација кога земјава економски изминативе 20 години и не може да се пофали со исклучителни резултати, прашањето е дали 207 –те милиони евра, не можеа да се искористат за отворање и градење на нови фабрики, намалување на невработеноста, подигнување на социјалниот живот, па и на културниот но во вистинска смисла на зборот. За историските моменти на Скопје 2014 и пораките од овој проект, а уште повеќе политичките импликации во следната прилика. Мишко Иванов, економски новинар во 24 Вести ТВ   Фактор Ви ги претставува мислењата на дел од македонските новинари и јавни личности за проектот Скопје 2014. Не мора да значи дека нивните ставови ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, но и сега и во иднина ќе правиме се овие ставови да бидат достапни за нашата читателската публика, како придонес во развојот на економската и политичка дебата.  

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот